Пред стартот на Европското првенство од 13 до 30 јануари во Унгарија и Словачка, хрватскиот ракометен ас Домагој Дувњак смета дека „коцкестите“ не се фаворити за медал, ниту се фаворити во својата група, во која ќе се судрат со Србија, Франција и Украина.
Иако пред месец дена изјави дека Србија не е на „ракометното ниво“ како Хрватска, сега размислува малку поинаку.
„Србија се крена многу последните месеци, на Франција успеа да одземе три од четири поени, и сега со шпанскиот селектор изгледаат како сериозен тим и ќе биде тешко да се победат. Ние, пак, дефинитивно не сме меѓу фаворитите, да не се лажеме. Имаме млади ракометари кои имаат квалитет, но не е чесно да се бара веднаш да направат голем резултат. На Европско првенство нема слаби натпревари, како што видовме на последното првенство во првата рунда испадна Данска“, вели Дувњак.