Top Sport

Една година од „чудото во Келн“ (Видео)

На денешен ден пред една година ракометарите на Вардар ја освоија втората титула во Лигата на шампионите. На завршниот турнир во Келн, Вардар во големото финале го победи Веспрем со 27:24 (16:11).

Вардар лани во Келн, во конкуренција на Кјелце, Барселона и Веспрем, беше прогласен за аутсајдер. Сепак четата која тогаш ја предводеше Гарсија Парондо најпрвин со епски пресврт во полу-финалето ја победи Барселона, а финалето пада Веспрем.

За разлика од полу-финалето со Барселона, кога Вардар низ целиот натпревар ја бркаше предноста на противникот, дуелот со Веспрем понуди малку неизвесност.

Вардар од самиот почеток наметна ритам, го мелеше противникот, на полувреме имаше пет гола предност, Веспрем се обиде да се врати во мечот во вториот дел но црвено-црните ги одбија нападите.

Бразилецот Мораеш со шест гола го предводеше Вардар, Чупиќ постигна пет, а Криштопанс четири гола.

Игор Карачиќ беше прогласен за МВП на завршниот турнир, во идеалниот тим се најдоа голманот Дејан Милосављев, односно Тимур Дибиров, Иван Чупиќ и Даинис Кристопанс. Гарсија Парондо го доби признанието за најдобар тренер.

Scroll to Top