Германскиот шампион Рајн-Некар Левен ќе го игра осминафиналето од Лигата на шампиони против полскиот клуб Кјелце на 24 март со младински тим поради конфликтот со Европската ракометна федерација (ЕХФ).
Германците барале ЕХФ да го помести мечот на 25 март, бидејќи на 24-ти во германското првенство го играат дербито со Кил, кои претходно, на 21 март играат со ПИК Сегед во осминафиналето на ЛШ.
„Не ние е јасно зошто ЕХФ решава да биде толку упорна во одредувањето на термините. Мечот со Кил ќе го пренесува телевизијата ‘АРД’ и тоа ќе биде дерби кое ќе добие повеќе гледачи од осминафиналето на ЛШ“, вели извршниот директор на клубот, Џенифер Кетерман.
Machtkampf der Verbände im Terminchaos eskaliert – 2 Spiele an einem Tag terminiert: https://t.co/n5Mxiqf1hl
— Rhein-Neckar Löwen (@RNLoewen) March 8, 2018