Top Sport

ЕХФ ги извлече групите за ЕП во женска конкуренција

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги извлече групите за континенталниот шампионат кој ќе се одржи во декември во Норвешка и Данска.

На Европското првенство што ќе се одржи од 3 до 20 декември ќе учествуваат 16 репрезентации, а пласман во завршната фаза ќе изборат по селекции од секоја група.

Во завршната фаза се пренесуваат бодовите, а ќе вкрстат А и Б односно Ц и Д групите.

Група А (Хернинг): Франција, Данска, Црна Гора, Словенија
Група Б (Фредерикшавн): Русија, Шведска, Шпанија, Чешка
Група Ц (Трондхајм): Холандија, Унгарија, Србија, Хрватска
Група Д (Трондхајм): Романија, Норвешка, Германија, Полска

Scroll to Top