Top Sport

ЕХФ го објави идеалниот тим на ЕП

Вечерва во Келн ќе заврши Европското првенство во ракомет. Германија и Шведска од 15 часот ќе се борат за бронзениот медал, а во 17.45 часот ќе започне големото финале меѓу Данска и Франција.

Пред завршните борби, ЕХФ го објави идеалниот тим на првенството, во кој место најдоа двајца Германци и Данци и по еден репрезентативец на Шведска, Португалија, Австрија и Франција.

Голман: Андреас Волф (Германија)
Десно крило: Роберт Вебер (Австрија)
Десен бек: Матијас Гидсел (Данска)
Среден бек: Јури Кнор (Германија)
Лев бек: Мартим Кошта (Португалија)
Лево крило: Хампус Ване (Шведска)
Пикер: Лудовик Фабрегас (Франција)
Дефанзивец: Магнус Саугструп Јенсен (Данска)

Scroll to Top