Европската ракометна федерација (ЕХФ), на своите официјални профили на социјалните мрежи го објави тимот на сезоната 2024/25 во Лигата на шампионите. Во гласањето учествуваа тренерите, играчите, новинарите и ракометните фанови.
Четворица дански репрезентативци се најдоа во идеалниот тим: голманот Емил Нилсен (Барселона), левото крило Емил Јакобсен (Фленсбург), десниот бек Матијас Гидсел (Фуксе Берлин) и Магнус Саугструп (Магдебург) кој е избран за најдобар дефанзивен играч.
Освен нив, во најдобриот состав се и шведскиот лево крило Феликс Клар (Магдебург), десното крило на Пик Сегед, Марио Шоштариќ, исландскиот централен бек Гисли Кристјансон (Магдебург) и францускиот пивот Лудовик Фабрегас (Веспрем).
Минатата сезона, Магдебург ја освои Лигата на шампионите откако го победи Фуксе Берлин, додека Нант ја победи Барселона во натпреварот за третото место.
ЕХФ ќе ги објави имињата на најкорисен играч (MВП) и најперспективен млад играч од минатата сезона во петок, 27 јуни.