ЕХФ пред големото финале меѓу Шпанија и Шведска го откри најдобриот тим на шампионатот, во кој има ракометари од шест нации.
The #EHFEuro2018 All-Star Team is here! Congratulations! ??https://t.co/zNJlljJsr0#ehfeuro2018 #hypnoticgame pic.twitter.com/56RupLQIFM
— EHF EURO (@EHFEURO) January 28, 2018
Шпанија и Шведска имаат по три места во најдобриот тим, а Швеѓаните го имаат и најдобриот играч на шампионатот, Џим Готфридсон преку гласањето во кое учествуваа нешто помалку од 10 илјади фанови, чии гласови чинеа 40 отсто од конечниот избор, додека 60 отсто беа преку експертите од тимовите кои учествуваа во шампионатот.
And Jim Gottfridsson has been chosen as the All-Star Team MVP! Congratulations!
He already scored 27 times for Sweden, but he also assisted 23 goals, establishing himself as a very tough player to defend.
Read more: https://t.co/zNJlljJsr0@hlandslaget pic.twitter.com/UJMk44QObW— EHF EURO (@EHFEURO) January 28, 2018
Во составот се францускиот голман Винсен Жерар, Мануел Штрлек (Хрватска), Микел Хансен (Данска), Сандер Сагосен (Норвешка), Јеспер Нилсен (Шведска), Алекс Душебаев (Шпанија), Феран Соле (Шпанија), Јаков Гојун (Хрватска), Џим Готфридсон (Шведска).