Top Sport

ЕХФ ја одобри „реформата“ –  само најдобрите 16 во Лигата на шампионите

На состанокот на Извршниот комитет на Европската ракометна федерација (ЕХФ) пред финалето од Европското првенство за жени во Париз се донесоа важни одлуки за реформа на клупските натпреварувања стартувајќи од сезоната 2020/21.

По консултацијата на членовите на федерацијата, клубовите, лигите и ракометарите, но и во соработка со новите комерцијални партнери од 2020, „Инфронт“ и „ДАЗН групацијата“, се донесе клучната одлука – да се намали бројот на учесници во Лигата на шампионите, која од 2020/21 ќе брои 16 клуба во машка и женска конкуренција.

Натпреварувањата ќе се одвиваат во две групи по осум тимови, по што следува нокаут-фазата (со тимовите од 3-6 место од групната фаза), четврт-финалиња и Фајнал 4. Двата најдобри тима ќе одат директно во четврт-финалето.

Второто по важност европско натпреварување ќе има ново име Европска ракометна лига (ЕХЛ)  – кај мажите ќе има 24 клуба во групната фаза (4 групи по 6 клуба), додека кај дамите 16 клуба (4 групи по 4 клуба). Ова натпреварување исто така ќе има Фајнал фор натпреварување. Третото натпреварување, Челенџ купот ќе го смени името во ЕХФ куп.

Scroll to Top