Извршниот комитет на ЕХФ одлучи да ги обесштети сите клубови, во машка и женска, за кои прерано заврши сезоната во Лигата на шампионите. Поради коронавирусот ЕХФ минатата недела соопшти дека сезонава нема да се игра нокаут-фазата во Лигата на шампионите туку дека само ќе се игра завршниот турнир за титулата.
Учество на турнирот, во машка конкуренција, кој ќе се одржи на 28 и 29 декември изборија клубовите кои се пласираа на првите две места во групите (Барселона, ПСЖ, Веспрем и Кил).
ЕХФ на овие клубови ќе им додели по 25.000 евра. Оваа сума ќе ја добие и Вардар. Црвено-црните во осмина-финалето требаше да играат со Пик Сегед.