Top Sport

ЕХФ нема да му дозволи на Вардар да игра во ЛШ

Лоши вести за македонскиот ракомет доаѓаат од Келн. Како што неофицијално дознава специјализираниот ракометен портал „Balkan-Handball.com“, Европската ракометна федерација (ИХФ) донела одлука да му забрани на македонскиот шампион Вардар да настапува во Лигата на шампионите во сезоната 2022/2023.

Причина за ваквата одлука е нерасчистената финансиска состојба, која го доведе во прашање настапот на двократниот освојувач на Лигата на шампионите од 2017 и 2019 година и минатата сезона. Минатата сезона ЕХФ му прогледа низ прсти на македонскиот шампион.

Официјалната одлука се очекува да биде објавена до крајот на неделата.

Од просторите на поранешна Југославија, за вајлд-карта аплицирале ППД Загреб и Целје Пивоварна Лашко.

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961

Scroll to Top