Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе повеќе контроверзни одлуки поради пандемијата на корона вирусот кои посебно го засегаат македонскиот ракомет – машката репрезентација нема да добие шанса да игра против Франција во квалификациите за Светското првенство, додека РК Вардар нема да добие шанса да ја брани европската титула!
Извршниот комитет на ЕХФ донесе одлука во Лигата на шампионите да се откажат дуелите од осминафиналето и четврт-финалето, што значи дека Вардар и Пик Сегед нема да имаат шанса да ги одмерат силите и директно да се организира Фајнал фор турнир во Келн на 28 и 29 декември помеѓу четирите најдобропласирани екипи во А и Б групите: Барселона, Пари Сен-Жермен, Кил и Веспрем.
ЕХФ исто така ги откажа и квалификациите за Светското првенство во 2021 година, каде што Македонија требаше да ги одмери силите со Франција, и директно ги квалификуваше најдоброрангираните репрезентации: Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка и Франција, кои ќе се прикчучат на Шпанија, Хрватска и Норвешка (кои се квалификуваа преку пласманот на Евро 2020) и Данска како актуелен шампион.
Season 2019/20 update: the Executive Committee of the European Handball Federation has decided on the further rundown of the current European handball season.
Official statement: https://t.co/lo7SdtJyG7 pic.twitter.com/emJQcpynNe
— EHF (@EHF) April 24, 2020
#veluxehfcl: Last 16 and quarter-finals cannot be played.
These 4 clubs are qualified for the VELUX #ehffinal4 2020.
? See you in Cologne on 28/29 December @FCBHandbol@psghand@thw_handball@telekomveszpremMore information on: https://t.co/CDnCFP2Eud pic.twitter.com/qtkNpnj8ll
— EHF Champions League (@ehfcl) April 24, 2020