Top Sport

ЕХФ со чартер летови ќе ја спасува сезоната

Европската ракометна федерација (ЕХФ) бара начин како непречено да се одвива сезоната 2020/2021.

Поради пандемијата што ја предизвика вирусот Ковид-19 ЕХФ ја прекина сезоната во Лигата на шампионите и одреди завршните турнири во женска и машка конкуренција да се одиграат во септември, односно во декември.

Ситуацијата со коронавирусот неодамна ги принуди луѓето од ЕХФ да донесет одлука завршниот трунир во женска конкуренција да не се игра, а во овој момент неизвесно е дали ќе игра завршниот турнир во Лигата на шампионите во машка конкуренција.

Најголем проблем се патувањата. Границите се отвораат и затвораат во зависност од тоа како растат бројките на заразени во европските држави.

Планот на ЕХФ е да најде спонзор кој на клубовите, би им ги плаќал чартер-летовите. Доколку успеат да го реализираат овој план, во ЕХФ сметаат дека Лигата на шампионите ќе се игра непречено.

Доколку најдат спонзор за чартер-летовите во ЕХФ сметаат дека на тој начин би се скратиле патувањата и во исто време би било спречено ракометарите да доаѓаат во контакт по аеродромите со другите патници.

Не е исклучена можноста еден дел од трошоците да го сносат самите клубови. Тој дел би мил рамен на оној дел што клубовите вообичаено го издвојуваат за авионските патувања во текот на сезоната.

Во сезоната што е пред нас Вардар ќе ја претставува Македонија во Лигата на шампионите. Вардар во А-групата ќе игра против ПСЖ, Кјелце, Порто, Пик Сегед, Мешков Брест, Елверум и Фленсбург.

Scroll to Top