Според нивните и желбите на нацијата ракометарите со победа го започнаа настапот на Европското првенство во Хрватска.
Македонија синоќа во Загреб, во Ц-групата, во исцрпувачки меч славеше над Словенија 25:24 (11:11). Македонија одигра подобро од противникот во последните пет минути од првото и второто полувреме, што беше клуч на победата.
Одбраната на нашиот тим во тие моменти беше на највисоко ниво, а еден од командантите секако беше Ацо Јоновски.
Долгогодишниот член на националниот тим е специјалист за игра во одбраната.
Една негова реакција, во финишот на мечот, не мина незабележано кај Европската ракоетна федерација (ЕХФ). Тие закачија видео на Твитер кое го насловија како: „Кога мајка ви ќе ве праша да ги измиете садовите“.
Make sure to add ehf_live on Snapchat to check out some fun coverage from yesterday’s Group C action! #ehfeuro2018 #hypnoticgame @EHFEURO pic.twitter.com/bGh05dQamE
— EHF Live (@EHF_Live) January 14, 2018