Пред финалето на Европското првенство за ракометарки кое ќе започне денеска во 18 часот, ЕХФ го прогласи Ол-стар тимот на првенството.
Во него се најдоа имињата на две ракометарки кои своевремено ги бранеа боите на ЖРК Вардар, Црногорката Јованка Радичевиќ и Норвежанката Камила Херем.
Освен нив, во идеалната постава на ЕП имаше место и за норвешкиот двоец бекови, Нора Мерк и Стине Офтедал, а покрај нив имаше место и за Русинката Владлена Бобровникова.
Најдобар кружен напаѓач на првенството е Ана Дебелиќ од Хрватска, додека за најдобра голманка е прогласена Сандра Тофт од Данска.
Топ дефанзивец на ЕП е Лине Хаугстед од Норвешка, додека МВП на првенството е Естел Нзе Минко од Франција.