Ракометната селекција на Германија си го врати препознатливиот стил на игра и стигна до нова победа на ЕП, прва во новата група од втората фаза. „Панцирите“ вечерва ја совладаа селекцијата на Белорусија со резултат 31-23.
Германците голем дел од работата завршија уште по првото полувреме кога дојдоа до високи +7, 18-11.
Избраниците на селекторот Прокоп лесно се справуваа со високите одбранбени играчи во белорускиот состав
Во вториот дел иста слика на теренот.
Белорусија се закани дека може да фати приклучок, дојде до 20-25, но тое беше се против расположените Германци предводени од брзоногиот Кастенинг кој мечот го заврши со 6 гола. Го следеше Кун со 4 погодоци. Голманот Андреас Волф собра 13 одбрани.
Прва „виолина“ кај Белорусите беше Кулеш со 6 погодоци.
Дербито во второто коло од втората фаза е в сабота меѓу Хрватска и Германија.
Celebrations for @DHB_Teams ?? as they start the #ehfeuro2020 main round with a decisive win!#dreamwinremember pic.twitter.com/Qjhp3g68ph
— EHF EURO (@EHFEURO) January 16, 2020