Top Sport

EП2020: Шпанија е најблиску до полуфинале, на патот ја среди и Чешка (видео)

Ракометната репрезентација на Шпанија со три победи ја заврши групната фаза на Европското ракометно првенство, а на истиот начин продолжи во новоформираната група.

„Фуријата“ предмалку со 31-25 ја совлада селекцијата на Чешка и дојде во моментов најблиску до полуфиналето на првенството. Шпанците се првата селекција во новоформираните две групи која стигна до 4 бода затоа што пулените на Рибера пренесоа два бода од победата на Германија од првата фаза.

Денешниот меч со Чесите го одбележаа Душебаев и Фернандес кои постигнаа по 5 гола, а со еден гол помалку од нив се истакна екс-вардарецот, Македа. Голманот Де Варгас собра 11 интервенции.

Кај Чешка залудни беа осумте погодоци на искусниот Здрахала затоа што со овој пораз шансите на Чешка за влез меѓу четирите најдобри на првенството се сведени на теорија.

Освен Здрахала, стандардно добар беше и десниот бек Кашпарек со 6 погодоци.

Scroll to Top