Top Sport

„Газета“: Готово е, Ериксен се сели во Интер за 18 милиони евра!

Данскиот фудбалер од средниот ред, Кристијан Ериксен кариерата ќе ја продолжи во милански Интер, пишува италијанска „Gazeta delo Sport“.

Информациите се дека фудбалерот кој подолг период е на листата на желби на „нероазурите“ во Милано се сели за отштета од 18 милиони евра.

Цената е релативно ниска затоа што Ериксен има договорот со премиерлигашот Тотенхем уште половина година, па во јуни би можел бесплатно да си оди од Лондон.

Од тие причини, „петлите“ прифатија да ќарат нешто на Данецот пред летоска да си замине од Тотенхем.

Останува уште 27-годишниот фудбалер кој беше голема желба на ПСЖ и Реал Мадрид да ги договори личните услови со челниците на Интер.

Со Ериксен во составот, Конте добија екстра засилување кое сериозно би можело да помогне во борбата со Јувентус за освојување на Скудетото во Серија А.

Ериксен професионалната кариера ја започна во Ајакс каде помина 3 години, пред за 13.5 милиони евра да се пресели во Тотенхем, во 2013 година.

Оттогаш за Спарси одигра 303 меча, постигна 69 гола, а имаше и 89 асистенции.

Scroll to Top