Ракометарите на Еурофарм Пелистер се победници на јубилејното 50. издание на традиционалниот турнир во Струга.
Невообичаено, финалниот меч го решија седмерците, во раната фаза на натпреварот. Лошите временски услови предизвикаа прекин на натпреварот при резултат 4:3. Потоа беше решено победникот да го решат пеналите. Победата им припадна на ракометарите од битола со 7:6.
За најкорисен играч на турнирот беше прогласен пикерот на Еурофарм Пелистер Жарко Пешевски.
Претходно во „малото финале“ Татран Прешов го победи Вардар со 26:24.
Фото/facebook.com/hceurofarmpelister