Top Sport

Еурофарм Пелистер го претстави новото засилување Дарко Стевановиќ

Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер го претстави најновото засилување. Српскиот интернационалец Дарко Стевановиќ ќе ги засили бековските позиции во тимот.

Тој со Еурофарм Пелистер потпиша договор на една и пол година, а своето деби треба да го има викендов против Еурофарм Пелистер 2.

„Сакам да се заблагодарам на убавото гостопримство. Мило ми е што дојдов во овој клуб. Гледам дека амбициите се големи и задоволен сум по изработените неколку тренинзи со екипата. Едвај чекам на првата средба, да се претставам пред домашната публика. Се надевам дека ќе го покажам она што клубот го очекува од мене и да му помогнам на екипата да ја оствари најважната цел оваа сезона – шампионската титула.

Еурофарм Пелистер е квалитетна екипа и уште во летото кога играв тука како противник испратив пофални зборови за екипата, тренерот и секако за навивачите“, изјави Стевановиќ на презентацијата.

Раководството на Пелистер поради бројните повреди одлучи да доведе уште еден бек, откако претходно во Битола пристигна данскиот интернационалец Каспер Кисум.

Scroll to Top