Top Sport

Еурофарм Пелистер го „преживеа“ Кавадарци и се израмни со Вардар на врвот

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во драматичен натпревар во Кавадарци славеа против Тиквеш со 21:22 и се израмнија со Вардар на делба на првото место на табелата. Битолчани со раширени раце го прифатија подарокот од „црвено-црните“ кои вчера неочекувано загубија од Алкалоид.

Вториот меч меѓу „вечните ривали“ ќе се одигра во Битола на почетокот од мај, па Еурофарм Пелистер се надева дека може да стигне до титулата. Но, и тие имаат гостување кај Алкалоид во „Автокоманда“.

Данскиот интернационалец Хенеберг беше најдобар поединец кај Еурофарм Пелистер со седум гола, а четири постигна Хосни. Кај Тиквеш. Страхиња Симиќ беше прв стрелец со осум погодоци.

Охрид беше убедлив против Бутел и славеше со 28:19.

Во плеј-аут лигата, Куманово го победи Вардар Неготино со 31:22, додека Струга славеше на гости против Јуниор К.В со 25:30.

Scroll to Top