Еурофарм Пелистер потврдија дека склучиле договор со Матео Мараш, младински репрезентативец на Хрватска, кој се смета за еден од најталентираните млади ракометари од оваа земја.
20-годишниот Мараш (202 сантиметри, 101 килограм), доаѓа во Битола со договор на една сезона од сплитскиот клуб Балиќ-Метличиќ, односно академијата на прославните поранешни хрватски репрезентативци.
Мараш настапи на последното Светско првенство за кадети во Скопје, а паралелно игра во младинските конкуренции во Хрватска, како и во Првата лига.
Танковски и Периќ заедно со младиот хрватски ракометар се новите имиња кај пелистерци. Од тимот си заминаа Митревски, Остроушко, Шевелев и Јотиќ.