Top Sport

Еурофарм Пелистер славеше во Атина – прва победа во Европската лига

Во третото коло на Европската лига на ЕХФ, Еурофарм Пелистер ја забележа првата победа, откако славеше во Атина со 30:27 над АЕК, нанесувајќи му го првиот пораз на грчкиот тим во второто по ранг европско ракометно натпреварување.

По поразот од Ним во првото коло, и ремито против Татабања, тимот на Жељко Бабиќ направи водство од стартот на мечот и не дозволи камбек на домаќините за импресивна победа.

Јосип Периќ блесна со осум гола за Пелистер, додека Табоада додаде шест, а за домаќините Цирас и Милонас имаа по шест гола.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top