Top Sport

Еурофарм Пелистер со нов триумф над Татран Прешов се пласира на Ф4 во СЕХА лигата

Македонскиот ракометен претставник Еурофарм Пелистер со нов убедлив триумф (26:36) над Татран Прешов обезбеди пласман на завршниот Ф4 турнир во регионалната СЕХА лига.

Словачкиот тим играше со комбиниран состав и на реваншот, а Еурофарм Пелистер покажа дека е многу поквалитетен тим.

Битолчани поведоа со 1:5 на стартот, а потоа имаа и двоцифрена предност (7:19). На полувреме заминаа со десет гола позитива (10:20).

Ненад Костески беше најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер со 11 постигнати гола, а Дарко Стевановиќ постигна седум погодоци.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');