Еурофарм Пелистер се издови на лидерската позиција на табелата, откако во „Јане Сандански“ во Скопје го победи Вардар 1961 со 24:23 (12:11).
Ракометното дерби го реши одбраната на Пелистер и голманот Кизиќ. Младиот голман на битолскиот тим бранеше само во второто полувреме, забележа осум одбрани, меѓу кои клучната беше онаа против Додиќ на 10 секунди, со што спречи Вардар да освои еден бод.
Играчите на Пелистер ја заслужија победата во Скопје, бидејќи беа константни во текот на целиот натпревар. Имаа предност, минимална во текот на целото првото полувреме. Во второто во првите 15 минути одржуваа предност од еден до два гола, а на три разлика се одлепија во 45.минута (19:16).
Победата Пелистерци ја најавија во 54.минута кога прв пат стекнаа предност од четири гола (23:19). Исклучувањето на Табоада му даде крилја на Вардар, за нецели 90 секунди постигнаа 3:0 но играчите на Давид Дејвис немаа сили за целосен пресврт.
Кизиќ го предводеше Пелистер со осум одбрани, Табоада постигна шест, а Мандалиниќ пет гола. Кај Вардар 1961 најефикасни беа Дибиров со шест и Моралес со пет гола, голманот Томовски имаше седум одбрани.
Фото/facebook.com/hceurofarmpelister