Top Sport

Еурофарм Пелистер во финалето на турнирот во Охрид

Еурофарм Пелистер стигна до втората победа на Меѓународниот турнир „Крсте Андоновски – Усташ“ кој се игра во Охрид. „Пелистерци“ триумфираа против Татран Прешов со 29:24.

Македонскиот шампион на полувремето обезбеди водство од 14:12.

Во вториот битолчани постојано одржуваа разлика од два до четири гола, а на крајот победија со 29:24.

Тајник и Пешевски беа најефикасни кај Еурофарм Пелистер со по шест постигнати погодоци.

Во финалето на турнирот Еурофарм Пелистер ќе игра против Олимпијакос.

 

Scroll to Top