Top Sport

Еурофарм Работник против Филинген во Челинџ купот

Денеска во Виена се одржа ждрепката за осмина-финалето во ракометниот Челинџ куп, каде што македонски репрезент е Еурофарм Работник.

Битолскиот тим кој во претходната фаза го елимира Гранитас Каунас од Литванија, во борба за четврт-финалето го доби најтешкиот противник, норвешки Филинген Берген.

Еурофарм Работник ќе биде домаќин на првиот натпревар, кој во Битола ќе се одигра на 10 или 11 февруари наредната година, додека една недела подоцно ќе се игра реваншот во Норвешка.

Scroll to Top