Top Sport

Италија: Доделени фудбалските Оскари

Иако италијанскиот фудбал оваа година нема некоја причина за славење, со оглед на тоа што првпат по 60 години репрезентацијата нема да настапи на светско првенство, синоќа сепак се одржа церемонијата на која се прогласени најдобрите во тековната календарска година.

Фудбалскиот оскар го доби Џанлуиџи Буфон, најдобар тим е Јувентус, тренер на годината е Маурицио Сари од Наполи, а исто така е избран и тимот на годината, во кој доминираат фудбалерите на „Старата дама“.

Тимот во формација 4-3-3 изгледа вака:

Буфон – Дани Алвеш, Бонучи, Кулибали, Алекс Сандро – Наинголан, Пјаниќ, Хамшик – Мертенс, Игуаин, Дибала.

„Кога ќе го видам овој тим не ме чуди што испаднавме од Шведска“, се пошегувал легендарниот Буфон и дополнил:

„Не очекував дека ќе го добијам трофејот. Го држам цврсто бидејќи никогаш не бев најдобар млад играч“.

Scroll to Top