Европската ракометна федерација ЕХФ повторно го одложи завршниот турнир во Лигата на шампионите.
Завршниот турнир во Келн требаше да се одигра на 30 и 31 мај во Келн. Истиот е одложен за 22 и 23 август поради коронавирусот.
ЕХФ денес донесе нова одлука и повторно го смени терминот на одржувањето на завршниот турнир. Тој ќе се одигра во Келн на 28 и 29 декември 2020 година.
Од водечкото тело на европскиот ракомет информираа дека купените билети ќе важат и за декемвриското издание на завршниот турни во Лигата на шампионите.
За разлика од машкиот, завршниот турнир во женска конкуренција ќе се одигра во терминот што беше определ, тоа е 5 и 6 септември во Будимпешта.