Top Sport

Фијаско во Кожани! Грците ни го отежнаа патот до ЕП

Ракометната репрезентација на Македонија доживеа непријатен и неочекуван пораз на гостувањето во Кожани кај Грција (28:26) во вториот меч од квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

По сигурната домашна победа над Турција, од нашите репрезентативци се очекуваше дека ќе успеат да ја обезбедат и втората победа, меѓутоа лошото второ полувреме го направи своето и на крајот репрезентацијата на селекторот Раул Гонзалес се враќа дома со пораз и со предупредување за наредните мечеви.

Македонија играше подобро во првото полувреме, одржувајќи предност од гол-два разлика, меѓутоа во финишот на натпреварот, Грците направија пресврт и дури поведоа со 2 гола разлика, казнувајќи ја слабата игра на нашата репрезентација.

Бидејќи во првиот натпревар од нашата група 3, Исланд доминираше на гостувањето кај Турците (22:33), сега ние сме на делба на второто место со Грците со по една победа.

Капитенот Кирил Лазаров беше најефикасен со 7 голови, Талески додаде 6, а Манасков четири, додека на голот Митровски имаше 13 одбрани. Квалификациите продолжуваат напролет со гостувањето на Исланд во Скопје.

Scroll to Top