Top Sport

Филип Миркуловски позитивен на коронавирусот

Филип Миркуловски е позитивен на коронавирусот. Искусниот ракометар, минатата недела беше дел од македонската репрезентација која одигра два натпревари со Данска, во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Миркуловски по три години пауза се врати во репрезентацијата, играше на првиот меч против Данска, кога Македонија го победи светскиот првак со 33:29, додека во реваншот не настапи, туку му беше помошник на селекторот Кирил Лазаров.

Неговиот клуб Вецлар објави дека тестот што го направил Миркуловски по враќањето од Данска бил позитивен на вирусот.

Инаку, неколку играчи од Данската репрезентација, исто така биле позитивни на тестовите, кои ги направиле по враќањето во клубовите.

Scroll to Top