Top Sport

Филип Талески пред трансфер во Бенфика

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Талески по завршувањето на оваа сезона ќе го напушти РК Вардар и повторно ќе замине на печалба. Ова го најавуваат португалските медиуми кои потенцираат дека тој е трансферна желба на Бенфика.

Талески дојде во РК Вардар во 2020 година откако се врати во Македонија по тригодишна печалба во Германија. Таму играше во Рајн Некар Левен, а потоа и во Белинген.

Сега Талески повторно би можел да замине во странство, со оглед дека летово му завршува договорот со „црвено-црните“.

Scroll to Top