Top Sport

Флензбург издржа кај Сегед, сега им следи пресметка со Барса

Флензбург се пласираше во четврт-финалето на ЕХФ Лигата на шампионите, каде што ги чека супер-пресметка со актуелниот шампион Барселона, откако издржаа во финишот на гостувањето кај ПИК Сегед и загубија со 36:35, што не беше доволно да се надополни разликата од 4 гола (21:25) која ја направија во првиот меч.

Бундеслигашот имаше одличен старт на мечот и направи три гола предност (7:10), за на полувреме да отидат со гол предност (17:18). Меѓутоа, унгарскиот тим успеа да се врати во игра и на 10 минути пред крајот да има три гола предност (33:30), пред Флензбург да ја врати негативата на само еден гол во финишот.

Хампус Ване со 9 гола беше лидер на Флензбург, додека седум додаде Џим Готфридсон, додека кај Сегед, најефикасен беше Себастијан Фримел со 7 гола.

 

Scroll to Top