Top Sport

Франција е ракометнa „велесила“ – дамите со слатка одмазда против Русија

Франција си заминува од Олимпијадата во Токио со две златни медали во ракомет, откако по машката репрезентација, и женската стигна до титулата, со супериорна 30:25 (15:13) победа над фаворизираните Русинки.

По спориот старт на мечот, Французинките се вратија за предност од два гола на полувреме (15:13), пред потоа со серија од 5-0 да направат клучна предност која не ја пропуштија до крајот на натпреварот.

Ова е прва олимписка титула за Французинките во историјата и е совршена одмазда за претходната Олимпијада во Рио пред пет години, кога во финалето загубија од Русија со 22:19.

Бронзениот медал отиде кај Норвежанките, кои доминираа во мечот за третото место со соседите Шведска, победувајќи со 36:19 (17:9).

Scroll to Top