Франција е првата репрезентација која обезбеди пласман во втората рунда на Европското првенство во Хрватска, откако со 33:26 им го нанесоа вториот пораз на Австријците во Пореч и докажаа дека се едни од фаворитите за титулата .
По тесниот меч против Норвешка (32:31) во кој мораа да се враќаат во финишот, „триколорите“ започнаа моќно против Австријците и покрај тоа што ги немаа Никола Карабатиќ и Седрик Сораиндо. Тимоти Н’Гесан беше најефикасен со седум гола, додека одлични на голот беа Жерар Винсен и Сирил Думулен.
Швеѓаните, пак, по незгодниот пораз од Исланд во второто коло, со 30:25 ја победија Србија за да останат во игра, и во исто време да им го нанесат вториот пораз на Србите.
Како и во првиот меч против Хрватска, српската одбрана не беше на висина на задачата, додека од другата страна Микаел Апелгрен на голот блескаше. Србија стигна до -2 на 23:21 со головите на Илиќ и Ѓорѓиќ за да ги зголеми надежите за изненадување во последните 10 минути, но Швеѓаните бргу ја вратија иницијативата.
Албин Лагергрен имаше пет гола за „трите круни“, додека по четири имаа Лукас Нилсон, Јохан Јакобсон и Никлас Екберг, а кај Србите најефикасен беше Немања Илиќ со пет гола.
Goalkeeper @mikaelappelgren , was a key to success for Sweden in the Group A match against Serbia.
Enjoy a few of his tricks. @hlandslaget #hypnoticgame #ehfeuro2018 #SRBSWE pic.twitter.com/VGjpvDldP0— EHF EURO (@EHFEURO) January 14, 2018