Top Sport

Французите и Шпанците ја покажаа својата сила

Франција и Шпанија покажаа дека ќе бидат меѓу првите фаворити за златниот медал на Европското првенство во Унгарија и Словачка, по убедливите победи на стартот на втората рунда на континенталниот шампион.

Французите ја декласираа Холандија, репрезентацијата која придонесе домаќинот Унгарија да биде елиминиран во првата рунда, со убедлив 34:24 триумф, додека Шпанците со импресивно второ полувреме со 29:23 ја победија Германија.

Ајмерик Мине ги предводеше Французите со 7 постигнати голови, но дури 11 француски ракометари се запишаа во листата на стрелците.

ЕУРО 2022, ВТОРА РУНДА

ГРУПА 1

Франција – Холандија 34:24 (15:12)

Црна Гора – Хрватска 32:26 (14:9)

Данска – Исланд 20.30 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА 2

Германија – Шпанија 23:29 (12:14)

Шведска – Русија 29:23 (16:13)

Полска – Норвешка 20.30 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top