Top Sport

Французите испаднаа, Австрија со тесна победа над Украина (видео)

Со серија од 3:0 во последните минути од мечот, домаќинот на ЕП во ракомет, Австрија стигна до ЏЏХ победа над Украина за да се искачи на првото место во нашата група Б со четири поени пред пресметката со Македонија, која ќе биде клучна за да се одреди вториот патник во втората фаза.

Од друга страна, најголемото изненадување на шампионатот, секако е елиминацијата на поранешните светски шампиони Франција, кои по шокантниот пораз од Португалија, загубија и од Норвешка со 26:28, додека импресивната Словенија успеа да ја победи Шведска со 21:19 за две победи во два меча во групата Ф.

Украинците ги намачија Австријците, играјќи гол-за-гол во текот на целиот меч, пред да паднат во финишот на натпреварот и да се елиминирани од шампионатот пред мечот со Чешка.

Норвежаните имаа подобар старт против Франција, но „триколорите“ успеаја да се соземат и да дојдат до 15:14 предност на полувреме, но во финишот на мечот Норвешка ја направи клучната предност за импресивна победа. За Франција, освојувачот на шест светски титули и три европски титули останува само уште мечот со Босна и Херцеговина. Сагосен беше најдобар за Норвежаните со 10 гола, Јендал додаде 5, додека за Французинот Фабрегас беше најефикасен со осум гола.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО, 2.КОЛО

ГРУПА Б

Чешка – Македонија 27:25 (9:11)

Австрија – Украина 34:30 (18:17)

Табела: 1.Австрија 4, 2.Чешка 2, 3.Македонија 2, 4.Украина 0

ГРУПА Д

Португалија – Босна и Херцеговина 27:24 (12:11)

Франција – Норвешка 26:28 (15:14)

Табела: 1.Норвешка 4, 2.Португалија 4, 3.Франција 0, 4.БиХ 0

ГРУПА Ф

Швајцарија – Полска 31:24 (14:12)

Шведска – Словенија 19:21 (9:10)

Табела: 1.Словенија 4, 2.Шведска 2, 3.Швајцарија 2, 4.Полска 0

 

 

Scroll to Top