Top Sport

Французите шокирани од условите во Сегедин: Во хотелот никој од гостите не носи маска

Француските ракометари, утре ќе го започнат настапот на Европското првенство во Словачка и Унгарија. Франција се натпреварува со Хрвстска, Србија и Украина. Натпреварите во оваа група ќе се играат во Сегедин.

Францизите, по пристигнувањето во Сегед, се жалеле до Европската ракометна федерација за условите во хотелот, во кој се сместени.

„Бевме шокирани кога видовме дека гостите во хотелот шетаат без маски. Ние треба и да јадеме со нив“, изјавил Никола Карабатиќ.

„Имаше луѓе во костими за капење. Во една таква ситуација нема да можеме да ги избегнеме позитивните тестови. не знам дали на ваков начин треба да им се даде почит на играчите кои направија се за да учествуваат на првенството“, изјавил голманот Венсан Жерар.

Селекторот на Франција, Гијом Жил, се обратил до ЕХФ со зборовите дека нивната организација е неприфатлива.

Scroll to Top