Шпанија е на чекор до пласман во четврт-финалето на Светското првенство во ракомет во Египет, откако во големото дерби убедливо со 32:28 ја совлада Германија, додека Данска со 32:23 беше подобра од Катар за да го заддржи максималниот скор на шампионатот.
По почетното одмерување на силите, Шпанците направија предност од три гола на полувреме (16:13), меѓутоа Германците се вратија во второто полувреме и дури имаа предност од три гола (24:21), пред „фуријата“ да влезе во елемент и на крајот да стигне до висока победа. Анхел Фернандез постигна шест гола за Шпанија, додека Алекс Душебаев и Феран Соле додоа пет, додека кај Германците, Тимо Кастенинг заврши со седум.
Данска, пак, немаше проблеми со најдобрата азиска репрезентација, Катар, предводени од осумте гола на Микел Хансен за стоотстотен учинок на Мундијалот.
СП ЕГИПЕТ, ВТОРА РУНДА
ГРУПА 1
Уругвај – Полска 16:30 (9:14)
Унгарија – Бразил 29:23 (16:11)
Шпанија – Германија 32:28 (16:13)
Табела: 1.Унгарија 6, 2.Шпанија 5, 3.Полска 4, 4.Германија 2, 5.Бразил 1, 6.Уругвај 0
ГРУПА 2
Јапонија – Аргентина 24:28 (13:17)
Хрватска – Бахреин 28:18 (13:8)
Данска – Катар 32:23 (17:12)
Табела: 1.Данска 6, 2.Хрватска 5, 3.Аргентина 4, 4.Катар 2, 5.Јапонија 1, 6.Бахреин 0