Top Sport

Гаџа го потврди трансферот во Вардар

Хрватот Анте Гаџа е нов ракометар на Вардар. Гаџа игра на позицијата среден бек и во црвено-црниот табор доаѓа на местото на Сташ Скубе. За хрватските медиуми ракометарот го потврдил трансферот.

„Вардар по заминувањето на Скубе бараа играч на таа позиција. Му се јавија на мојот менаџер кој ме праша дали би сакал да одам таму, му реков:„Секако“. Му кажав дека сакам да одам во Вардар бидејќи тој клуб е европски првак, дека тоа ќе биде чекор напред во мојата кариера“, рекол Гаџа и дополнил.

„Се надевам дека Вардар ќе биде оној стариот. Многу играчи ги продолжија договорите, се надевам дека сезоната ќе биде успешна и дека ќе ги исполниме целите кои пред нас ќе ги постави новиот сопственик“.

28 годишникот потенцирал дека со Загреб ја прифатиле неговата одлука да се пресели во Скопје и дека разделбата била пријателска.

фото/ vecernji.hr

Scroll to Top