Ракометарите на Вардар синоќа во „Јане Сандански“ брилјираа во второто полувреме, со што заслужено се стигна до петтиот триумф во Лигата на шампионите.
Новиот голман на вардарци, Алжирецот Калифа Гедбан имаше свој ден, ја искористи максимално укажаната доверба од тренерот Парондо, па мечот го заврши со 11 интервенции.
Сепак се чини пресудна за текот на натпреварот беше двојната интервенција во 34 минута при нерешен резултат 15:15, по што следуваше одлепувањето на домашните ракометари.