Top Sport

Георгиевски со поздрав за Миркуловски и за Стоилов: Македонија е горда на вакви борци

Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов се повлекоа од ракометната репрезентација на Македонија, а десното крило на Вардар, Гоце Георгиевски, им посвети статус на социјалните мрежи.

„Едниот клупски, другиот репрезентативен цимер… Македонија треба да биде горда што имаше вакви борци што го даваа својот максимум и се бореа за репрезентативниот дрес, вие сте пример за идната генерација како треба да се игра за својата држава,а мене ми претставува особена чест и задоволство што имав таква привилегија да играм со вас и заедно да ги прославуваме сите репрезентативни успеси“, напиша Георгиевски, крај заедничките фотографии со Стоилов и со Миркуловски.

 

Scroll to Top