Утре во Данска и Германија ќе започне 26. Светско првенство во ракомет. Првенството, во Берлин, ќе го отворат Германија и Кореа во 18:15 часот, а два часа подоцна во Хернинг ќе играат Данска и Чиле.
Германија по пауза од 12 години повторно е домаќин на ракометен Мундијал во машка конкуренција. Во 2007 година, Германците ја освоија последната од трите титули. Златото од пред 12 години е последниот медал што Германците го освоиле на светските првенства.
Ракометниот сојуз на Германија дополнително ќе ги мотивира репрезентативците со најголемата премија во историјата на националниот тим.
Доколку Гермнаците го освојат златниот медал тие ќе поделат 450.000 евра, односно секој играч ќе заработи по 28.000 евра.
За споредбна, играчите што стана светски шампиони во 2007 година, биле наградени со по 15.000 евра.
Германија првата фаза ќе ја игра во А-групата, заедно со Франција, Русија, Србија, Бразил и Кореа.