Вечерва во Германија ќе започне 23. Светско првенство во ракомет за жени. Прав фаворит за титулата е актуелниот шампион Норвешка, а веднаш до Норвежанките е селекцијата на Холандија.
Женскиот ракометен Мундијал вечерва ќе биде отворен со дуелот помеѓу домаќинот Германија и аутсајдерот Камерун. Натпреварот кој ќе започне во 19 часот се игра во рамките на Д-групата.
Актуелните шампионки својот прв натпревар ќе го одиграат утре против Унгарија, репрезентација која цели кон висок пласман.
Дербито на првата фаза е пресметката во Ц-групата помеѓу Данска и Црна Гора
Група А:
Франција, Романија, Шпанија, Словенија, Ангола, Парагвај
натпревари, 2.декември:
Романија-Парагвај (14 ч.), Франција-Словенија (18), Шпанија-Ангола (20:30)
Група Б:
Норвешка, Чешка, Шведска, Унгарија, Аргентина, Полска
натпревари, 2.декември:
Чешка-Аргентина (14), Шведска-Полска (18), Норвешка-Унгарија (20:30)
Група Ц:
Данска, Русија, Бразил, Црна Гора, Јапонија, Тунис
натпревари, 2.декември:
Русија-Тунис (14), Бразил-Јапонија (17:45), Данска-Црна Гора (20:30)
Група Д:
Германија, Холандија Србија, Јужна Кореја, Кина, Камерун
натпревари, 2.декември:
Србија-Кина (15:30), Холандија-Јужна Кореја (18)
Македонската селекција ќе го пропушти и овој Мундијал, откако не успеа да избори пласман. Последен пат женската репрезентација на Македонија на светско првенство учествувла пред точно една деценија.