Top Sport

Германките ја шокираа доминантната Норвешка (видео)

По 10 победи во низа на Европските првенства, Норвешка, конечно, беше поразена, откако Германија со 33:32 беше подобра од седумкратните европски шампионки за прв голем шок на ЕП во Франција.

Последниот пораз на Норвешка на ЕП беше во главната рунда на Евро 2014, кога Унгарија ги победи со 29:25, а Германија немаше победа над Норвежанките од 2011 година, кога со 31:28 ги победија во групната фаза на СП во 2011 година.

Норвежанките почнаа одлично и имаа предност од 5:3 и 10:8, пред на полувреме да одат со еден гол предност (16:15). Меѓутоа, стартот на второто полувреме целосно им припадна на Германките, кои се вратија за да поведат со два гола за Норвешка да ја врати предноста и да има 31:30 на помалку од две минути до крајот. Сепак, Германките имаа повеќе нерви во финишот и Емили Болк со гол во последната минута донесе голема победа за германскиот тим.

Болк и Ина Гросман имаа по пет голови за Германија, додека за поразените шампионки Стине Офтедал постигна осум гола.

ГРУПА Ц

Германија – Холандија 25:28 (11:11)

Шпанија – Хрватска 18.00

ГРУПА Д

Норвешка – Германија 32:33 (16:15)

Романија – Чешка Република 18.00

Scroll to Top