Србија, во драматична завршница, ја победи Германија 29:28 (19:17) на Светското првенство за ракометарки кое се одржува во Јапонија.
Србинките испуштија предност од пет гола во првото полувреме, имаа два гола повеќе од противничките по првиот дел, а во второто полувреме ја „бркаа“ Германија, а потоа победија со голот на Кристина Лишчевиќ од седмерец по мистекот на времето.
Поранешната ракометарка на Вардар Драгана Цвијиќ со седум гола ја предводеше Србија, пет постигна Слаѓана Поп-Лазиќ. Кај Германија се истакнаа Евгенија Миневскаја со шест и Амели Бергер со пет гола.
Со оваа победа Србинките стекнаа шанса во последното коло во И-групата да се борат за пласман во полу-финалето. За такво сценарио ќе им биде потребно најпрвин Данска да ја победи Холандија, а потоа во последното коло тие да забележат триумф над Данска.