Коронавирусот продолжува да прави хаос на Европското првенство во ракомет. Во пресрет на натпреварот со Црна Гора, Холандија остана без голмани.
Вчера, позитивен тест доби Денис Шелекенс, а претпладнево позитивен бил и тестот на Барт Равенсберген.
Голот на Холандија ќе го браби 41-годишниот Гери Ејерлс, кој пред две години ја заврши кариерата, а дополнителен повик од селекторот добил Рене де Нехт.
Во Групата 1 на ЕП, Холандија се уште е без бодови, Црна Гора има два и доколку сака да се пласира во полу-финалето ќе мора да ги добие преостанатите три натпревари, попладнево против Холандија, а потоа против Франција и Исланд.