Потврдата за максималниот учинок на Вардар во групната фаза на Лигата на шампионите го потврди и пивотменот Драгана Цвијиќ чии гол е избран за најдобар од сите натпревари во 6. коло на ЛШ.
Српската интернационалка одлично се вклопи во играта на Вардар и на секој меч е меѓу истакнатите играчи.
На средбата со Турингер што ја добија „црвено-црните” со 30-26, Цвијиќ постигна атрактивен гол во чија подготовка учествуваа и Амандин Лејно и Јованка Радичевиќ.
Голот на Цвијиќ можете да го погледнете на следниот линк