Хрватска и Норвешка синоќа одиграа еден од најдрамтичните натпревари во историјата на Европските првенства. По две продолженија Хрватска победи 29:28. Голот за пласман во финалето го постигна Жељко Муса во последните секунди од второто продолжение.
Хрватска утре од 16.30 часот против Шпанија ќе се бори за златниот медал, а шведските медиуми денес објавија снимка од последната акција на натпреварот и тврдат дека голот на Муса не бил регуларен.
Во разговор за тиражниот шведски весник „Афтонбладет“, членот на стручниот штаб на Норвешка Кент-Хари Андерсон рекол дека го анализирал натпреварот до длабоко во ноќта кога и го открил спорниот момент.
Кога ќе се погледне снимката јасно се забележува дека е во право.
„Муса е влезен најмалку еден метар во голманскиот простор пред да ја добие топката, тоа јасно се гледа. Не разбирам како судиите не го видоа тоа. Беа блиску јасно можеа да го видат“, рекол Андерсон.
На снимката се забележува како Муса влегува во голманскиот простор за да го заобиколи Сагосен и со тој потег тој избори позиција. Во тој момент судиите гледаат кон топката која е на центарот на игралиштето во рацете на Карачиќ. Во продолжение на акцијата Карачиќ му асистира на Муса кој постигнува гол за победа и пласман во финалето.
Андерсон тврди дека судиите морале да ја прегледат видео-снимката и да го поништат голот.
Меѓутоа Норвежаните го пропуштиле рокот за жалба, веќе го одиграа мечот за третото место, ја совладаа Словенија 28:20, а Хрватска утре ќе се бори за своето прво злато на европските шампионати.
Zeljko Musa's third goal of the tournament – and the one which really counts!@HRStwitt ??#ehfeuro2020 #dreamwinremember pic.twitter.com/ZxruhSscMU
— EHF EURO (@EHFEURO) January 24, 2020