Top Sport

Грчкиот селектор провоцира: Играме два силни натпревари против Скопје

Ракометната репрезентација на Македонија, во рамките на неделата на ЕХФ ќе одигра два контролни натпревари со Грција во Солун.

И додека селекторот Кирил Лазаров и неговите избраници се фокусирани на она што ќе се случува на теренот, од спротивниот табор на натпреварите се обидуваат да им дадат политичка конотација.

Слекторот Јоргос Заравинас, даде провокативна изјава за официјалната интернет страница на Ракометниот сојуз на Грција. Нашата репрезентација ја нарече „Скопје“.

„Во Солун и ја одработуваме првата недела од подготовките за ЕП. Оваа фаза е важна за нас и ќе одиграме два силни натпревари со Скопје“, вели во дел од совата изјава Заравинас.

Контролните натпртевар, Грција и Македонија ќе ги одиграат на 3 и 4 ноември со почетоко во 17.30 часот.

Foto/ kathimerini.gr

Scroll to Top