Данска уште еднаш покажа најимпресивен ракомет на Светското првенство во ракомет, откако целосно доминираше во 38:30 (21:15) победата над актуелните шампиони Франција за пласман во големото финале.
Во тоа што се сметаше за „финале пред финале“ и пресметка на два ракометни гиганти, наместо да неизвесен ракомет добивме апсолутно фантастична игра на Микел Хансен и пораз на Французите каков што не сме виделе долго време.
Данците поведоа на натпреварот во Хамбург и во ниту еден момент не дозволија враќање на „триколорите“, правејќи предност од шест гола на полувреме, која порасна и на +10 во второто.
Микел Хансен имаше 12 голови за Данците, додека Олсен, Закариасен и Лауге додадоа по пет гола, а кај Французите Кентин Мае беше најдобар со седум постигнати гола.
Во второто полуфинале вечерва се среќава вториот домаќин на шампионатот, Германија и Норвешка.
СП ГЕРМАНИЈА/ДАНСКА, 1/2 ФИНАЛЕ
Данска – Франција 38:30 (21:15)
Германија – Норвешка 25:31 (12:14)
Фото: ЕПА